Adem Şalvarcıoğlu
31 Јули 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
АНКАРА (АА) - Петстотини алпинисти кои беа заглавени на планината поради земјотресот што се случи на индонезискиот остров Ломбок, се спасени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „АНТАРА“, индонезиските власти соопштија дека се спасени 500 алпинисти кои беа заглавени додека се качувале на вулканот Ринџани за време на земјотресот со епицентар на 50 километри североисточно од градот Матарам, на островот Ломбок.
Претходно на местото од настанот беа упатени спасувачки екипи и воени сили за евакуирање на алпинистите.
Шеснаесет лица го загубија животот во земјотресот на овој остров, кој е оддалечен околу 40 километри од индонезискиот туристички остров Бали.
Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS) соопшти дека земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер се случил на длабочина од 7,5 километри.