Mustafa Deveci
31 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници приведоа 17 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на израелската војска, приведени се 17 Палестинци во различни места на Западниот Брег под изговор дека биле вмешани во терористички активности.
Во вестите на палестинските медиуми се наведува дека се случил судир меѓу израелските сили и млади Палестинци за време на приведувањето на еден 22-годишен Палестинец, чиј идентитет не е објавен, во мигрантскиот камп во Витлеем.
Се вели дека младите кои реагирале против рацијата во кампот, одговориле со камења против израелските сили, додека израелските војници напаѓале со солзавец и со звучни бомби.
Исто така, израелските војници вчера во Западниот Брег приведоа 20 Палестинци, од кои четири новинари.
Израелските сили често вршат рации во домовите на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
Според податоците на Здружението на палестински затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 Палестинци, од кои 513 добиле доживотна затворска казна.