Mahmut Atanur,Adem Şalvarcıoğlu
29 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
ДЕПОК (АА) - Ентериерот и менито на еден ресторан во градот Депок, во Индонезија, со својот концепт потсетува на болница, и со тоа привлекува големо внимание не само кај туристите туку и меѓу локалното население, јавува Anadolu Agency (AA).
Внатрешноста на ресторанот „Хоспиталис“ е уредена како болница, а и персоналот носи униформи на медицински персонал. Така, келнерките работат во униформи на медицински сестри, а готвачите како лекари.
Клиентите седат на масите, под рефлекторите на операционата сала, а пијалаците ги добиваат во кеси за инфузија и во шишенца за сируп.
Во менито се нудат јадења кои наизглед потсетуваат на човечки органи, а на ѕидовите се поставени предупредувања и совети за зачувување на здравјето.
„Облекувам костим на медицинска сестра и така ги послужувам гостите. Клиентите имаат чувство дека се наоѓаат во болница. Оние што доаѓаат често се фотографираат со нас“, изјави келнерката Сурја Сурјана.
Во Индонезија, конкуренцијата во угостителството е голема, така што сопствениците на ресторани и на други угостителски објекти мораат на креативен начин да ги привлечат гостите.