Mahmut Atanur
07 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
ЏАКАРТА (АА) - Повторно е активен вулканот Синабунг, сместен во подрачјето на Северна Суматра во Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Агенцијата за управување со катастрофи (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, истакна дека од ерупциите на вулканот, облаците пепел достигнале висина до 2.000 метри.
Нугрохо, истакнувајќи дека немало паника меѓу народот затоа што ерупции на вулканот имало многупати и претходно, додаде дека дождот од пепел негативно влијае на земјоделските и населените места во областа.
Регионалните власти, предупредувајќи го народот, изјавија дека не се дозволени активности во одредени места околу вулканот.
По речиси 400 години, вулканот Синабунг повторно стана активен во 2010 година. Од ерупциите на вулканот во 2014 и 2016 година животот го загубија 23 лица. Највисокото ниво на аларм за вулканот издаден во 2015 година, сѐ уште е активен.
Во Индонезија, која се наоѓа во подрачјето на т.н. Пацифички огнен прстен, има 130 активни вулкани.