Mahmut Atanur
08 Февруари 2021•Ажурирај: 09 Февруари 2021
ЏАКАРТА
Во Индонезија, во регионот Бекаси во покраината Западна Јава како резултат на обилните дождови кој продолжуваат од минатата вечер поплавени се 5.672 куќи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хенри Линколн, претседателот на Агенцијата за управување со катастрофи на Бекаси (BPBD) истакна дека обилните дождови кои продолжуваат од минатата вечер во регионот поплавиле најмалку 12 области.
Наведувајќи дека низ целиот регионот се поплавени 5.672 куќи, Линколн рече дека нивото на водата достигна од 30 сантиметри до 1,5 метри.
Lincoln информираше дека нема жртви и повредени поради поплавите ирече дека продолжуваат активностите за помош на населението кое е зафатено од поплавите.
Во меѓувреме, обилните дождови во источните и јужните делови на Џакарта исто така предизвикаа поплави.
Индонезија, која се наоѓа во екваторскиот појас, често е зафатена од поплави и свлечишта предизвикани од поројните дождови, особено во периодот од октомври до април.