Adem Şalvarcıoğlu
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
ЏАКАРТА (АА) - Индонезиски полицискиавион М-28 Трук падна во провинцијата Острва Раиу. Во авионот во моментот на несреќата имало 15 луѓе, а после падот е покрената голема потрага по остатоците и телата на луѓе кои беа во него, јавува nadolu Agency (AA).
Според индонезиската новинска агенција Антара, полицискиот авионот патувал од градот Пангкал Пинанг во Сингапур на островите Батам во Индонезија.
Портпаролот на полициската станица Кабид Хумас рече дека врската со авион била прекината еден час по полетувањето. Тој рече дека во авионот биле 15 луѓе, додавајќи дека авионот се урнал во областа на Кабупатен Линга.
Според локалните жители над Кабупатен Линга паѓаа делови на од седишта.
Индонезиската морнарица започнала потрага и за таа цел ангажирала три воени бродови и три брода кои се специјализирани за потрага по исчезнатите.