Adem Şalvarcıoğlu
19 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
ЏАКАРТА (АА) - Со зголемувањето на вулканските и тектонските активности на вулканот Агунг, на островот Бали во Индонезија, прогласен е втор степен на опасност, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Индонезиската национална агенција за справување со природни катастрофи (БНПБ) се истакнува дека е зголемен степенот на опасност по појавата на активност на вулканот Агунг, која трае веќе една недела.
До населението е упатен повик да остане на оддалеченост од најмалку шест километри од вулканот, а забрането е движење во неговата околина.
Се додава дека се евакуирани десетици селани кои живеат во близина на вулканот.
Вулканот последен пат еруптираше во 1963 година, кога настрадаа околу 1.100 лица.