Recep Şakar
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
МЕЛБУРН (АА) - Ноќниот базар, кој за време на летниот период се организира во австралискиот град Мелбурн, предизвика голем интерес кај домашните и странски туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во период од ноември до април, секоја среда навечер, веќе 30 години се организира базар на кој се собираат граѓани од сите страни на Австралија како и од светот.
Посетителите на базарот во историсчкиот и туристички „Queen Victoria Market" можеа да уживаат во различни јадења, музика но и богата понуда на книги, традиционална облека... Во понудите беа традиционални јадења на шпанската, италијанска, бразилска, непалска, грчка, кинеска и турска кујна. За време на пет часа базарот го посетија илјадници лица.
Јужнокорејскиот турист Кван До Хиенг не можеше да го сокрие воодушевувањето од вечерниот базар во Мелбурн. Исто така и австралијанката Чарлин Рангарира која има африкански корени изјави дека базарот го смета за многу интересен.
Колекционерката Сандра Барнес е задоволна со одзивот на базарот.
„Луѓето бараат различни работи. Некои доаѓаат да пробаат различни јадења, кои ни ја приближуваат културата на другите земји“, појасни Барнес.