????? ??????????
09 Јануари 2016•Ажурирај: 10 Јануари 2016
СКОПЈЕ АА - Овој викенд во концептуалната продавница "Јавна соба " се одржува "Дизајн базар" каде со големи празнични попусти можат да се купат дизајнерски производи од повеќе македонски дизајнери, јавува Anadolu Agency (AA).
На базарот може да се купат голем број на дизајнерска облека, мебел, накит, аксесоари и други предмети. Рамо до рамо со големите светски брендови кој сме навикнати да ги гледаме и конзумираме во трговските центри, македонските дизајнери се впуштаат во нов економски подем и тоа на домашен пазар.
Според директорот на дизајн центарот "Дизајн соба", Александар Велиновски, ова е втор базар по ред кој е отворен заради млади дизајнери кои преку ваквите активности се стимулираат да призведуваат и да пласираат повеќе на пазарот.
"Ова е сериозен исчекор за сите млади брендови кои се оформени пред извесен период. Се надевам дека со намалувањето на цените на овие макдеонски производи ќе има голема заинтересираност кај граѓаните. Со тоа ќе се вратиме на купувањето на македонски прозводи бидејки меѓу овие редови лежи голем потенцијал кој и те како може да се мери со далеку познатите светски брендови. Јас искрено се надевам дека овие брендови ќе се најдат и на странските пазари. Концептуалната продавница функционира веќе два месеци и одзивот е добар. Годинава имаме 40 дизајнери со нови призводи и услоги, а после овој базар ќе излезат со новите произвои", вели Велиновски.
Една од младите и надежни дизајнерки, Марта Мирова за АА изјави дека ова е добра прилика како да се прикажат и помовираат производите кои таа ги прави.
"Ова го работам скоро 5 години. Базата на моите производи е во Велес а јас конкретно се занимавам со дизајнирање на женска колекција. Дизајнирам модерни и женствени модели кои се во чекор со времето", вели Мирова.
Во склоп со дизајн базарот се организирани и работилници за деца, музички настапи. Влезот е слободен, а целосното уживање е загарантирано, велат организаторите.