Dilara Hamit
17 Јануари 2021•Ажурирај: 19 Јануари 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Илјадници Израелци протестираа синоќа против премиерот Бенјамин Нетанјаху и покрај карантинот поради коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според весникот „Хаарец“, демонстрантите ги исполниле мостовите и крстосниците од северот до југот на земјата, интензивирајќи ги протестите пред резиденцијата на Нетанјаху.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Нетанјаху е големиот измамник“ и извикуваа пароли со барање за негова оставка.
Демонстрантите продолжиуваат со протестите против Нетанјаху веќе 30-та недела, поради неговиот неуспех во ефикасна борба против коронавирусот и падот на економските и социјалните услови.