свет

Израелците нападнаа палестинска фарма на Западниот Брег, украдоа стадо од 150 овци

- Појасот Деир Дибван честопати и претходно бил цел на напади од еврејските доселеници. Напаѓачите извршуваат кражба на овци, палат возила и деловни простори и физички ги напаѓаат Палестинците.

Qais Omar Darwesh Omar, Ekrem Biçeroğlu  | 26.12.2025 - Обновена : 26.12.2025
Израелците нападнаа палестинска фарма на Западниот Брег, украдоа стадо од 150 овци

РАМАЛА (АА) - Израелците, кои нелегално ја зазедоа палестинската земја, нападнаа фарма за овци на окупираниот Западен Брег и украдоа стадо од 150 овци, известува Анадолу.

Според локални извори, Израелците го извршиле нападот во појасот Деир Дибван, источно од Рамала, во раните утрински часови.

Израелските напаѓачи упаднале во фармата за овци, физички нападнале двајца работници, а потоа украле стадо од 150 овци и избегале.

Појасот Деир Дибван честопати и претходно бил цел на напади од еврејските доселеници. Напаѓачите извршуваат кражба на овци, палат возила и деловни простори и физички ги напаѓаат Палестинците.


- Се зголемуваат израелските напади врз палестинските земји

Според бројките што ги објавија Обединетите нации (ОН), нападите на Израелците врз Палестинците на окупираниот Западен Брег, каде што е запленета палестинската земја, достигнале највисоко ниво во последните 20 години за кои се води евиденција.

Откако Израел ја започна својата офанзива врз Појасот Газа во октомври 2023 година, зголемен е бројот на приведувања, на рации и напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим.

Приближно 451.000 Израелци на окупираниот Западен Брег и околу 230.000 во Источен Ерусалим зазедоа палестинска земја. Овие запленувања на Западниот Брег и Источен Ерусалим се сметаат за нелегални според меѓународното право.

Израелците кои живеат на овие подрачја дополнително им го отежнуваат животот на Палестинците кои живеат под окупација на Западниот Брег.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.