Gülşen Topçu
03 Септември 2021•Ажурирај: 04 Септември 2021
ГАЗА (АА) - Израелските безбедносни сили убија еден, а ранија 15 Палестинци кои протестираа во Газа поради 15-годишната израелска блокада на енклавата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелските војници употребиле огнено оружје и големо количество солзавец за да ги растераат палестинските демонстранти кои се собрале на источната граница на Газа.
Во соопштението се наведува дека 26-годишниот Ахмед Мустафа Салих од бегалскиот камп Џабалија бил убиен во пукотницата.
Меѓу 15-те ранети има и неколку малолетници.
Палестинските млади лица веќе шести ден по ред протестираат на границата со Газа, поради 15-годишната израелска блокада во регионот.