Fayez Abdulsalam,Hamdi Yıldız
16 Ноември 2023•Ажурирај: 17 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Одделот за кардиологија во болницата Ал-Шифа во Газа беше погоден од израелска тенковска граната, што предизвика штета на собите за пациенти, пренесува Анадолу.
Министерството за здравство во Газа соопшти дека во бомбардирањето бил оштетен Одделот за хирургија.
Се додава дека израелските окупаторски сили привеле две лица од техничкиот тим кој вршел одржување и поправка на електронските здравствени апарати во болницата.
Во соопштението се посочува дека имало чести дефекти на медицинските апарати поради бомбардирањето и оштетувањето.
Се наведува дека израелските сили уништиле многу медицински помагала за време на упадот во болницата.
„За време на нападот на зградите во болницата Ал-Шифа, окупаторските сили намерно уништија апарати за рендген и магнетни рендген апарати и многу медицински помагала во подрумот на една хируршка зграда“, се додава.
Од минатиот месец, илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во немилосрдните израелски воздушни и копнени напади врз опколената енклава.
Во средата наутро израелската Армија упадна во медицинскиот комплекс Ал-Шифа, откако неколку денови претходно го опколи.
Во соопштението на Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа се наведува дека бројот на загинати Палестинци во нападите што Израел ги започна на 7 октомври на Појасот Газа достигна 11.500, од кои 4.710 се деца и 3.160 се жени. Во нападите на израелската Армија беа ранети 29.800 луѓе, а повеќе од 70 отсто се жени и деца.
Бројот на загинати во Израел изнесува 1.200.