Ekipa
05 Март 2025•Ажурирај: 05 Март 2025
ХЕБРОН (АА) - Израелските војници извршија рација во градот Хеброн на окупираниот Западен Брег и ја уништија семејната куќа на палестинскиот затвореник Ахмед ал-Хејмуни, јавува Анадолу.
Куќата е уништена со експлозив и е оставена целосно нефункционална.
Инаку, израелската војска врши континуирани рации и упади на окупираниот Западен Брег. Но, од 7 октомври 2023 година, кога Израел го започна нападот врз Појасот Газа, се интензивираа притворањата, рациите и нападите врз Палестинците на Западниот Брег и во Источен Кудс (Источен Ерусалим).
Војската го уништува имотот на Палестинците, кои не се поштедени ни од нападите на еврејските доселеници.
Според палестинското Министерство за здравство, од почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година, израелската Армија и илегалните доселеници убиле најмалку 923 Палестинци, додека речиси 7.000 се повредени.