свет

Израелските војници приведоа снимател на АА

Израелските војници денес го приведоа, а потоа го ослободија снимателот на Anadolu Agency (AA), Хишам Абу Шакра, кој сакаше да ја сними експлозијата во близина на еврејската населба Долев

Qays Abu Samra, Sümeyye Özer  | 23.08.2019 - Обновена : 24.08.2019
Израелските војници приведоа снимател на АА

РАМАЛА (АА) - Израелските војници денес го приведоа снимателот на Anadolu Agency (AA), Хишам Абу Шакра, кој сакаше да ја сними експлозијата во близина на еврејската населба Долев, јавува Anadolu Agency (AA).

Израелските војници го спречија снимателот Шакра да ја сними експлозијата во близина на еврејската населба Долев.

Војниците го приведоа снимателот Шакра, а потоа го ослободија.

Утрово се случи експлозија во околината на нелегалната населба Долев во близина на Рамала, во окупираниот Западен Брег, при што загина еден Израелец, а две лица се тешко повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın