Hamdi Yıldız
02 Ноември 2023•Ажурирај: 03 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Христијаните кои беа на молитва во Католичката црква во Појасот Газа беа многу загрижени поради израелското бомбардирање коешто беше извршено во непосредна близина на верскиот објект, пренесува Анадолу.
Палестинскиот свештеник Митри Рахиб сподели слики направени за време на израелското бомбардирање до Католичката црква во Газа во вторникот од неговиот профил на платформата X.
На снимката од моментот на бомбардирањето се гледа стравот што го доживеа христијанската заедница во Газа за време на богослужбата во црквата, а книгите на прозорецот летаа како последица на експлозијата.
„Додека во израелски воздушен напад е дигнато во воздух подрачјето пред Католичката црква во Газа, тие се молеа“, рече Митри Рахиб.
Според информациите од регионот, во комплексот на цркви и сиропиталишта се наоѓаат околу 700 жители на Газа чии домови се уништени поради израелските напади, и кои бараат безбедно место.