свет

Израелскиот суд нареди ослободување на гувернерот на Ерусалим

- Гаит беше уапсен од страна на израелските сили на 19 јули по извршена рација на неговиот дом во Ерусалим.

Ekip  | 04.08.2020 - Обновена : 05.08.2020
Израелскиот суд нареди ослободување на гувернерот на Ерусалим

ЕРУСАЛИМ

Израелскиот суд денес по двонеделен притвор одреди ослободување на гувернерот на Ерусалим, Аднан Гаит, се вели во соопштението издадено од канцеларијата на гувернерот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Гаит беше уапсен од страна на израелските сили по извршена рација во неговиот дом во Ерусалим на 19 јули.

Обвиненијата против гувернерот се нејасни.

Во соопштението се вели дека гувернерот ќе биде ослободен под услов да не комуницира со палестинскиот разузнавач во Ерусалим, Џихад ал-Факих, ниту со лидерот на групата Фатах во ал-Азарија, Сами Абу Галиа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.