свет

Израелскиот пратеник Пиндрус: Се надеваме на изградба на Третиот храм на местото на Ал Акса

„Иранците во голема мера ја окупираа Ал Акса“

Mustafa Deveci  | 18.04.2024 - Обновена : 19.04.2024
Израелскиот пратеник Пиндрус: Се надеваме на изградба на Третиот храм на местото на Ал Акса

ТЕЛ АВИВ (АА) - Израелскиот пратеник од крајната десница Јицак Пиндрус рече „се надеваме дека ќе го изградиме Третиот храм“ на подрачјето каде што се наоѓа комплексот Ал Акса, пренесува Анадолу.

Пиндрус, пратеник од партијата Обединет јудеизам на Тората, во изјава за телевизијата на израелскиот Парламент, говореше за Пасхата, која се одбележува меѓу 22 и 30 април.

Пасха е најголем еврејски празник. Тоа е еден од трите празници за аџилак кога сите Евреи кои се во можност одат на аџилак во Ерусалим (Ал-Кудс).

Пиндрус ги повика Евреите да ја одбележат Пасха во делот на Стариот град на окупираниот Источен Ерусалим (Ал-Кудс).

Тој, исто така, изнесе многу радикален став во однос на комплексот Ал Акса.

Повикувајќи се на протестите организирани од Палестинците во дворот на Ал Акса за време на месецот Рамазан, Пиндрус изјави дека „Иранците во голема мера ја окупираа Ал Акса“.

„На крајот на денот се надеваме дека таму ќе биде изграден Третиот храм (подрачје каде што се наоѓа Ал Акса) и дека таму ќе ги јадеме нашите пасхални жртви“, рече Пиндрус.

Радикалните Евреи не ги кријат своите амбиции да ја уништат Ал Акса за таму да го изградат „Третиот храм“.

Комплексот на џамијата Ал Акса Евреите го нарекуваат „Ридот на храмот“, а некои веруваат дека таму некогаш се наоѓале првиот и вториот древен еврејски храм.

По Мека и Медина, џамијата Ал Акса е трето најсвето место во светот за муслиманите.

Израел го окупираше Источен Ерусалим (Ал-Кудс) за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектира целиот град во 1980 година, потег што меѓународната заедница никогаш не го прифати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın