Mehmet Nuri Uçar
20 Октомври 2024•Ажурирај: 21 Октомври 2024
АЛ-КУДС (ЕРУСАЛИМ) - Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и Израелци кои ја узурпираа палестинската земја упаднаа во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим), известува Анадолу.
Од утринските часови Израелци во големи групи под заштита на израелската полиција упаднаа во џамијата Ал Акса.
Управата на Исламската фондација во Ал Кудс објави дека 1.151 фанатичен Евреин упаднале во џамијата Акса.
Фанатичните Евреи шетале низ дворот на џамијата, извикувајќи слогани и пеејќи химни. Некои од нив биле видени како изведуваат талмудски религиозни ритуали.
Крајно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел Бен-Гвир, исто така, упаднал во џамијата Ал Акса со голем полициски тим што го придружувал.