Aida Cako
13 Октомври 2025•Ажурирај: 14 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Снимки од дрон покажуваат како израелски активисти цртаат слики во песокот пред американската амбасада во Тел Авив, пречекувајќи ги Израелците што се враќаат дома од Газа и заблагодарувајќи му се на Трамп, јавува Анадолу.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) утринава објави почеток на процесот на ослободување на израелските заложници во Појасот Газа како дел од договорот за прекин на огнот.
Според израелскиот Канал 12, седуммина заложници им биле предадени на екипите на МКЦК. Весникот „И24 њуз“ ги објави имињата на ослободените заложници.
Дваесетмина живи израелски заложници треба да бидат ослободени денес во замена за повеќе од 2.000 палестински затвореници.
Според Белата куќа, Трамп треба да се сретне со семејствата на израелските заложници и да се обрати пред израелскиот парламент, Кнесетот.
Претседателот ќе замине за Египет во 13 часот (11:00 часот по Гринич) за да присуствува на мировниот самит во Шарм ел-Шеик за Газа.