свет

Израелската војска таргетираше уште една станбена зграда во градот Газа

Нападот се случи на осмиот ден од израелската кампања за уривање на висококатници во рамките на тековна воена операција „Гидеонови кочии 2“, која започна на 5 септември

Elena Trenchevska Chekovic  | 13.09.2025 - Обновена : 13.09.2025
Израелската војска таргетираше уште една станбена зграда во градот Газа Фото: Abdalhkem Abu Riash/AA

СКОПЈЕ (АА) - Израелските сили нападнаа станбена зграда на улицата Ал-Тавра во градот Газа, каде што се засолнети раселените Палестинци поради тековниот геноцид во опколената енклава, јавува Анадолу.

Моментот на нападот забележан со камера, по кој густи облаци чад се кренаа кон небото. Нападот предизвика голема штета, уништувајќи возила и предизвикувајќи пожари што ја зголемија паниката меѓу жителите.

Нападот се случи на осмиот ден од израелската кампања за уривање на висококатници во рамките на тековна воена операција „Гидеонови кочии 2“, која започна на 5 септември.

Најмалку осум станбени кули повисоки од седум ката и десетици станбени блокови веќе се срамнети со земја низ градот Газа.

Цивилната одбрана на Газа соопшти дека во нападите на Израел намерно се таргетираат станбените населби „за да ги принудат семејствата кон раселување, без оглед на катастрофалните хуманитарни услови со кои се соочуваат“.

Се додава дека многу семејства предупредени да се евакуираат се борат да најдат алтернативно засолниште и често се враќаат во оштетените домови во рок од неколку часа, ризикувајќи ги своите животи поради уривањето на објектите.

Израелската армија континуирано издава наредби за раселените цивили да се раселат во јужната област Ал-Маваси, означена како „безбедна хуманитарна зона“, иако и таа е под воздушни напади.

На 3 септември, израелската армија официјално ја прогласи својата намера да го заземе целиот град Газа по повеќе од три недели бомбардирање, потег што предизвика внатрешни критики во Израел за ризиците по израелските војници и заробениците.

Министерот за одбрана Израел Кац предупреди дека „портите на пеколот се отвораат за Газа“ како што се интензивираше операцијата.

Хјуман рајтс воч минатиот месец објави дека Израел уништил речиси 90% од инфраструктурата на Газа од октомври 2023 година, домови, училишта и јавните услуги, оставајќи ги повеќето раселени семејства без место за засолнување освен преполните училници и оштетените универзитетски згради.

Веќе минаа 700 дена од геноцидната војна на Израел во Газа, во којашто Израел уби над 64.700 Палестинци. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.