Hussameldin Abdelgadir Salih Mohamed,Ali Semerci
08 Ноември 2023•Ажурирај: 08 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Израелската војска синоќа изведе нови жестоки воздушни напади врз северниот дел на блокираниот Појас Газа и градот Газа, известува Анадолу.
Министерството за внатрешни работи на Газа објави дека Израел извел нови воздушни напади на Појасот Газа.
Во соопштението се наведува дека израелската војска извела тешки воздушни напади на градот Газа и северниот дел на Појасот Газа.
Не се наведени детали за израелските напади врз палестинската енклава.

Селаме Маруф, шефот на Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа, за Анадолу вчера изјави дека израелските воени авиони ги бомбардирале населените места во Деир ал-Балах. Тој истакна дека се убиени и ранети голем број цивили во бомбардирањето на населбите на градот Деир ал-Балах од страна на израелската војска.
Израелската војска врши жестоки воздушни и копнени напади со неселективно бомбардирање на цивилните населби, станбените објекти, џамии, цркви и болници во Појасот Газа по неочекуваната офанзива на Хамас на 7 октомври.
Оттогаш се убиени најмалку 10.328 Палестинци, од кои 4.237 се деца, а 2.719 се жени. Според официјалните податоци, во Израел загинале околу 1.600 Израелци.