свет

Израелската војска бара евакуација на болницата Ал-Шифа

Локалните извори јавија дека израелските сили побарале од раселените Палестинци во болницата веднаш да го напуштат болничкиот кампус

Mustafa Deveci  | 21.03.2024 - Обновена : 22.03.2024
Израелската војска бара евакуација на болницата Ал-Шифа

ГАЗА (АА) - Израелската војска сака да се евакуира болницата Ал-Шифа во градот Газа, каде што се засолнети околу 30.000 раселени Палестинци, јавува Анадолу.

Од израелската војска се наведува дека продолжуваат упадите во болницата Ал-Шифа што започнаа на 18 март.

Се истакнува дека повеќе од 50 Палестинци се убиени во последните 24 часа во нападите околу болницата Ал-Шифа.

Локалните извори јавија дека израелските сили побарале од раселените Палестинци во болницата веднаш да го напуштат болничкиот кампус.

Интензивните напади на војската на Израел, обвинет за геноцид, околу болницата Ал-Шифа, во која израелската војска упадна повеќепати, траат веќе четири дена.

Израелската војска започна рација на болницата Ал-Шифа во западниот дел на градот Газа утрото на 18 март. На рацијата ѝ претходеа напади со беспилотни летала и артилерија.

Илјадници пациенти, ранети и раселени од сите делови на Појасот Газа се наоѓаат во болничкиот комплекс Ал-Шифа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.