свет

Израелската армија рани Палестинец во Газа

Во соопштение на палестинското Министерство за здравство во Газа се истакнува дека во источниот дел на Газа израелските војници со вистински куршуми раниле еден Палестинец

Hamdi Yıldız  | 23.08.2019 - Обновена : 23.08.2019
Израелската армија рани Палестинец во Газа

ГАЗА (АА) - Израелските војници ранија Палестинец во пограничната област источно од Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштение на палестинското Министерство за здравство во Газа се истакнува дека во источниот дел на Газа израелските војници со вистински куршуми раниле еден Палестинец.

Во соопштението, исто така, се истакнува дека екипите на Брза помош веднаш го префрлиле Палестинецот, ранет на граничната линија со Израел, во болницата „Шифа“ во Газа, и дека младиот Палестинец бил повреден во колкот.

Од друга страна, Израелската армија наведе дека во пограничното подрачје на Појасот Газа отвориле оган врз еден Палестинец.

Во изјавата на Израелската армија на Твитер се вели дека наоружаниот Палестинец се приближил до границата и фрлил рачна бомба кон израелските војници.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.