Yusuf Alioğlu,Hamdi Yıldız
01 Декември 2024•Ажурирај: 02 Декември 2024
БЕЈРУТ (АА) - Израелската армија 60 пати го прекршила договорот за прекин на огнот со Либан по стапувањето на сила на 27 ноември, од кои 22 вчера, известува Анадолу.
Според либанската официјална новинска агенција ННА, прекршувањата се случиле главно во провинциите Набатије, Џенуб и Баалбек.
Покрај нападите од артилериски единици, воени авиони, беспилотни летала и дронови, Израел извршил и прекршоци како што се раскопување патишта со булдожери и палење автомобили.
При овие прекршувања на примирјето, две лица смртно настрадаа, а шест беа повредени.
Прекршувањата, кои започнаа уште првиот ден од стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан на 27 ноември, повторени се 38 пати во првите три дена. Откако стапи на сила договорот за прекин на огнот, израелската армија го прекршила договорот 60 пати, од кои 22 вчера.
Договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел стапи на сила во средата, на 27 ноември, во 04:00 часот по локално време.
Вториот член од договорот се наведува:
„Израел нема да изврши никаков воен напад врз цивилни, воени или државни цели во Либан по копно, море или воздух“.