Ekipa
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - Израелската амбасада во Велика Британија се извини откако нивни вработен беше снимен како зборува дека сака да го сруши британскиот министер одговорен за Европа и Америка, Алан Данкан, кој ја критикуваше изградбата на еврејски населби на окупираниот Западен брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британскиот „Дејли мејл“ објави снимка од постариот политички претставник на израелската амбасада, Шаија Масот, како во еден лондонски ресторан вели дека министерот Данкан прави големи проблеми.
Изјавите се снимени за време на шестмесечната прикриена операција на Истражувачкиот оддел на Ал Џезира.
Масот, британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, го нарече идиот и додаде дека тој во суштина бил добар.
Израелската амбасада во соопштение наведе дека коментарите на нивното вработено лице се во потполност неприфатливи и дека амбасадорот Марк Регев упатил извинување до Данкан.
Во соопштението исто така се наведува дека Масот наскоро ќе го заврши својот мандат како вработен во амбасадата.