Handan Kazancı
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
КУДС (АА) - Израелскиот министер за одбрана, Авигдот Либерман, ги обвини иранските власти за производство и донирање на артилериски гранати на Палестинците кои го напаѓаат Израел од Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Либерман за локалниот весник „Haaretz“ (Хаарец) изјави дека Иран со ракети ги снабдува „софистицираните терористички групи“ кои во петокот извршиле артилериски напади врз израелска територија.
Израелската армија во петокот објави дека пресретнала две ракети кои од Газа биле лансирани кон Израел, додека третата ракета паднала во ненаселена област.
Како одговор на овие напади, израелските воздушни сили изведоа напади на Појасот Газа.
Тензиите на Блискиот Исток се во пораст од почетокот на декември и контроверзното американско признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел.