Beyza Binnur Dönmez
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
БРАТИСЛАВА (АА) - Во Словачка вчера беа одржани претседателски избори, а според прелиминарните резултати најмногу гласови освои гласната критичарка на актуелната словачка Влада, Зузана Чапутова, јавува Anadolu Agency (AA).
Чапутова во првиот круг од изборите освои 40 отсто од гласовите, а нејзиниот најголем опонент и кандидат на владејачката партија Смер, Марош Шефчович, освои 18 отсто од гласовите.
Бидејќи ниту еден кандидат не го освои потребното мнозинство гласови, вториот круг претседателски избори ќе се одржи на 30 март.
Доколку победи и во вториот круг, Чапутова ќе стане првата претседателка во историјата на Словачка.