Ekip
10 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
МАНИЛА (AA) - Земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтеровата скала во вторник ја погоди подморската област на југоистокот на Филипините, пренесува Anadolu Agency (AA).
Земјотрес е измерен на длабочина од 617 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами не издал никакво предупредување, со оглед дека епицентарот бил длабоко во земјата.