Mahmut Atanur
22 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди индонезискиот остров Централен Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија соопшти дека епицентарот на овој земјотрес бил на отворени води 90 километри северозападно од подрачјето на Буол.
Во соопштението се нагласува дека земјотресот со јачина од 5,1 степен се случил на длабочина од 10 километри.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во земјотресот и не е даден аларм за цунами.