Firdevs Bulut Kartal
19 Мај 2023•Ажурирај: 22 Мај 2023
ТОРОНТО (АА) - Силен земјотрес со магнитуда од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Тихиот Океан југоисточно од Нова Каледонија, поради што е издадено предупредување за цунами, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), пренесува Анадолу.
Можно е брановите на цунамито да стигнат до 1.000 километри од местото на потресот, кој е регистриран на длабочина од 37,7 километри, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами.
Земјотресот е регистриран во близина на островите Лојалти, а епицентарот бил југозападно од Фиџи, северно од Нов Зеланд и источно од Австралија, соопшти Американскиот геолошки институт.