свет

Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени ја погоди североисточна Индија

Земјотресот регистриран на длабочина од 10 километри го погоди округот Удалгури во индиската држава Асам

Ekipa  | 14.09.2025 - Обновена : 14.09.2025
Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени ја погоди североисточна Индија

АНКАРА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени денес го погоди североисточниот дел на Индија, според Геолошкиот завод на САД, јавува Анадолу.

Земјотресот регистриран на длабочина од 10 километри го погоди округот Удалгури во индиската држава Асам.

Потресот е почувствуван и во Дака и други делови од Бангладеш, според објавите на корисниците на социјалните мрежи.

Нема непосредни извештаи за загинати и причинета материјална штета.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın