Ayşe Aktaş
19 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Мексико го потресе земјотрес со интензитет одд 7,1 степен, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на 5 километри од градот Рабосо, во сојузната држава Пуебла, на длабочина од 51 километар.
Претставник од Националниот центар за цивилна заштита, преку социјалната мрежа Twitter објави дека сѐ уште нема податоци за настанатата материјална штета.
Земјотресот е почувствуван и во главниот град Мексико Сити, кој предизвика паника меѓу граѓаните. Граѓаните во паника ги напуштија домовите и излегоа на улица.
На 8 септември годинава во Мексико беше почувствуван земјотрес со интензитет од 8,1 степен, во кој животот го загубија 96 лица.
На 19 септември 1985 година Мексико го потресе земјотрес со јачина од 8,1 степен. Во тој земјотрес загинаа најмалку 5.000 лица.