İdris Sülün
31 Октомври 2022•Ажурирај: 01 Ноември 2022
КУАЛА ЛУМПУР - Земјотрес со интензитет од 5 степени по Рихтер ја потресе индонезиската провинција Западна Јава, известува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот центар за геолошки истражувања објави дека земјотрес со интензитет од 5 степени го потресол подрачјето кое е оддалечено 48 километри од Банџара. Хипоцентарот на земјотресот е на длабочина од 67,9 километри.
По потресот не е дадено предупредување за цунами.