Associated Press
17 Декември 2022•Ажурирај: 19 Декември 2022
МИДЛЕНД (АА) - Еден од најсилните земјотреси во историјата на Тексас во петокот вечерта го потресе западниот дел на оваа американската сојузна држава, известува Агенција Анадолија (АА).
Засега нема информации за причинета штета или повредени лица.
Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 5,4 степени се наоѓа на 22 километри северо-северозападно од Мидленд, на длабочина од околу 9 километри.
Канцеларијата на Националната метеоролошка служба во Мидленд објави дека тоа е „четврти најсилен земјотрес во историјата на државата Тексас“.
Геофизичарката Џана Прсли од американскиот Центар за информации за земјотреси во Колорадо, изјави дека според претходните извештаи што ги примила агенцијата, земјотресот го почувствувале повеќе од 1.500 луѓе на голема оддалеченост, од Амарило и Абилин во Тексас, дури до Карлсбад во Ново Мексико.
Набргу по првиот силен потрес, следувал друг со помал интензитет.
„Немаме добиено никакви информации за штетата“, рече Прсли.