Seyit Ahmet Aytaç
06 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
АНКАРА (AA) - Стејт департментот нуди милионски награди на лицата кои ќе им дадат информации каде се наоѓаат клучните луѓе на ПКК, 5 милиони за Мурат Карајилан, 4 за Џемил Бајик и 3 за Дуран Калкан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Амбасадата на САД во Анкара се наведува дека Стејт департментот ќе даде милионски парични награди на лицата кои ќе им дадат информации за идентитетот или за локацијата на која се наоѓаат тројцата терористи на ПКК.
Соопштението следуваше по службената посета на Анкара на Метју Палмер, помошник-заменик на американскиот државен секретар.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористичките групи во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убиле најмалку 40.000 луѓе.