Gorana Jakovljevic
16 Јули 2022•Ажурирај: 20 Јули 2022
ГУАЛЕГУАЈЧУ - Здружението на земјоделски производители во Аргентина протестира низ целата земја поради недостатокот на гориво, ѓубриво, храна за стока и живина, известува Агенција Анадолија (АА).
Изминатата недела земјоделците од цела Аргентина одржаа „National Tractor Rally“ во Гуалегуајчу, во покраината Ентре Риос. Со трактори и тешки земјоделски машини земјоделските производители ги блокираа сообраќајниците за да го свртат вниманието на своите проблеми.
Еден од најголемите проблеми е недостатокот на гориво за жетвата.
Инфлацијата во Аргентина во првите 5 месеци од годинава изнесува околу 30%, а економистите проценуваат дека до крајот на годината ќе се зголеми на 80%.