Talha Yavuz
08 Јануари 2021•Ажурирај: 10 Јануари 2021
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за помошта за враќањето на украинските морепловци кои беа приведени во Либија во 2016 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својата објава на Твитер, Зеленски истакна дека е среќен поради враќањето на екипажот на танкерот „Капетан Хајам“, кои беа во притвор во Либија 5 години.
Истакнувајќи дека никогаш нема да ги заборави граѓаните на Украина и нема да ги остави во тешка ситуација, Зеленски рече: „Особено му се заблагодарувам на претседателот Реџеп Таип Ердоган за помошта за враќањето на нашите граѓани. Благодарен сум за поддршката на Турција.“
На 7 јануари, украинското претседателство соопшти дека 4-та украински државјани, дел од екипажот на танкерот „Капетан Хајам“ кои беа приведени во Либиското Море во 2016 година, ќе се вратат во својата земја.