Ruslan Rehimov
03 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
КИЕВ (АА) ‒ Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека 16.000 странски борци доброволци ќе дојдат да ѝ помогнат на Украина, и дека првиот конвој веќе пристигнува во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во своето обраќање до нацијата, Зеленски нагласи дека секојдневно им стигнува оружје од своите партнери и вистински пријатели.
Истакнувајќи дека секој ден добиваат сѐ помоќно оружје, Зеленски рече: „16.000 странски доброволци борци доаѓаат во Украина за да ѝ помогнат. Првите конвои веќе пристигнуваат во земјата. Тие доаѓаат да ја заштитат нашата слобода и нашите животи.“
На 27 февруари Зеленски апелираше до сите жители на светот и пријателите на Украина, да ѝ помогнат на Украина и Европа да се одбранат од руската агресија.
Во земјата е дозволено странците доброволно да стапуваат во редовите на Армијата од 2016 година. Тогаш беше формирана подединица на странци наречена „Меѓународна легија за територијална одбрана на Украина“.