Şeyma Uzundere
03 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
АНКАРА (АА) - Покрената е истрага за железничката несреќа во Тајван, во која загинаа 50 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Возот излета од шините при влегувањето во тунел, по што е започната истрага за да се утврдат точните причини за несреќата.
Обвинителот од Хуалиен соопшти дека сè уште никој не е обвинет за несреќата.
Во соопштението на Управата на железницата на Тајван се наведува дека поради работа на теренот и на пругите, можно е на одредени линии да дојде до застој на сообраќајот.
Првично беше соопштено дека загинало 51 лице, но подоцна беше објавено дека станува збор за 50 лица.
Во несреќата што се случи во петокот во 9:28 часот по локално време загинаа 50 лица, а 178 се повредени.
Станува збор за железничка несреќа со најмногу жртви во Тајван во последните 70 години.