Ömer Tuğrul Çam
14 Јуни 2021•Ажурирај: 15 Јуни 2021
БРИСЕЛ
Во седиштето на НАТО во белгискиот главен град Брисел, започна Самитот на НАТО со учество на претседателите на државите и владите на земјите членки на Алијансата, јавува Агенција Анадолија (АА).
На овој самит учествуваат лидерите на 30 земји сојузници, меѓу кои и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
На дневниот ред на самитот се наоѓаат различни теми, меѓу кои определување на мапата на патот на Алијансата за наредните 10 години, зајакнување на стратешкиот концепт на НАТО, развојот на Кина, состојбата во врска со односите со Русија, Украина, кибер закани, борба против тероризмот, деструктивни технологии, ефектите на климатските промени врз безбедноста, како и состојбата по одликата за прекинување на НАТО-мисиите во Авганистан.
На овој Самит на НАТО , на кој претседателот на САД, Џо Бајден за прв пат учествува откако дојде на претседателската функција, ќе се разговара и за трансатлантските односи.
Меѓу другото, на крајот на самитот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе одржи прес-конференција, по која се очекува дека ќе се објави декларацијата на овој самит.
Инаку, претседателите на државите и владите на земјите членки на НАТО од синоќа започнаа со билатералните средби во Брисел, додека и по завршување на самитот се очекува дека дел од лидерите ќе продокжат со билатералните средби во седиштето на НАТО.