Büşranur Begçecanlı
14 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
АНКАРА
Вчера започна обуката за енергетско новинарство преку интернет, организирана од страна на Агенција Анадолија и Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) за странски учесници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи на церемонијата за отворање на обуката, Хусеин Авни Аксој, тускиот амбасадор во Мозамбик, изјави дека програмите ќе го зголемат капацитетот на новинарите во неколку области.
Тој нагласи дека покрај обуката за новинарство, Турција исто така обезбедува и техничка опрема за поддршка на различни земји.
Високиот официјален претставник на ТИКА, Угур Танјели, кој исто така говореше на церемонијата, ја нагласи улогата на Турција во споделувањето на знаењето и искуството во таа област, велејќи дека ТИКА досега извршила обука на повеќе од 3.000 медиумски работници.
„Ние ја извршуваме нашата работа со разбирањето дека една вест може да започне војна, а една фотографија може да донесе мир“, рече тој, истакнувајќи дека сегашната обука е домаќин на учесници од 11 земји низ целиот свет.
Џихангир Исбилир, директор на Академијата за вести на Агенција Анадолија, рече дека неговата организација придава големо значење на „инвестирањето во луѓе“ и на придонесот кон нивното образование преку споделување на искуството со новинарите.
Обуката организирана на англиски јазик е поддржана и со симултан превод на арапски и португалски јазик.
Програмата, на која присуствуваа 80 специјализанти од различни земји, ќе продолжи до 15 април.
За време на процесот на обука, на учесниците ќе им бидат предавани различни теми како што се енергетски вести и ресурси, енергетска дипломатија, енергетски политики низ целиот свет и енергетска економија.