Eşber Ayaydın
02 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
ТЕЛ АБЈАД (АА) – Започна наставата во училиштето во Тел Абјад реновирано од страна на Турција. Училиштето беше оштетено од терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Животот во Тел Абјад, кој беше исчистен од терористичката ЈПГ/ПКК со операцијата „Извор на мирот“, се враќа во нормала. Со цел да се задоволат потребите на населението, активностите за реновирање на објектите продолжуваат на скоро секое поле.
Министерството за национална одбрана на Турција и Гувернерството на Шанлиурфа го обновија Основното училиште „Извор на мирот - Мушрифет ел Хави“ во Тел Абјад.
Основното училиште се отвори и започна со настава. Во училиштето има 6 училници и вкупно 115 ученици.
Гувернерот на Шанлиурфа, Абдулах Ерин, потсети дека Турските вооружени сили (ТСК) за многу кратко време ги исчистиле од терористичката организација регионите Тел Абјад и Рас ал Ајн.

Истакнувајќи дека операцијата е изведена за мир и спокој во регионот, гувернерот Ерин нагласи: „Од 2011 година Турција им обезбедува помош на угнетените лица од Сирија. Ќе продолжиме да им помагаме на сириските семејства што останаа без домови и беа изложени на неправда.“
Ерин, истакнувајќи дека Турција нема да дозволи да се формира терористички коридор, рече:
„Откако Турција ќе го исчисти регионот од терористичките организации на чело со ПКК и ДЕАШ и откако сириските браќа ќе имаат способност да застанат на свои нозе и да владеат во регионот, Турција без да очекува нешто ќе го напушти регионот и ќе продолжи да обезбедува помош и поддршка.“

Ваил Хамди, претседателот на локалниот Парламент, заблагодарувајќи ѝ се на Турција, истакна: „Имаме резултати од операцијата „Извор на мирот“. Им благодариме на гувернерот на Шанлиурфа, Абдулах Ерин, и на неговите соработници за поддршката.“
По отворањето, гувернерот Ерин и вториот командант на Армијата, генерал-полковник Синан Јајла, ги прошетаа училниците и разговараа со учениците и им поклонија играчки и бисквити.

- Благодарност до Турција
Рејхан ел Хавли, која е петто одделение, упати благодарност до Турција за реновирањето на училиштето.
Исто така и Амар ел Халаф од петто одделение наведе дека училиштето сега е во подобра состојба од она старото.
„Училиштето стана многу убаво. Ќе одиме во училиште и ќе слушаме настава како што одевме и претходно. Ѝ се заблагодаруваме на Турција што го обнови нашето училиште.“
Шеале ел Хамид, еден од родителите, пренесувајќи го задоволството од тоа што децата започнале со настава, рече: „Ѝ благодариме на Турција. Дојдоа, го реновираа училиштето. Господ да го благослови претседателот Реџеп Таип Ердоган.“