Eshat Fırat
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа 15 Палестинци на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Од израелската армија соопштуваат дека во текот на ноќта, во различни области на Западниот Брег биле приведени 15 Палестинци, според тврдењата, поради вмешаност во терористички активности.
Според податоците на палестинската група за заштита на затворениците „Aдамер“, во последните две недели израелските сили уапсија 195 Палестинци, што е двојно повеќе од просекот во 2017 година.
Повеќе од 300 луѓе, претежно Палестинци, од 2015 година до денес го загубија животот во разни конфликти што се случија на Западниот Брег, Источен Ерусалим и во Газа.