Mustafa Deveci
26 Септември 2021•Ажурирај: 27 Септември 2021
КУДС (ЕРУСАЛИМ)
Четворица Палестинци го загубија животот, а најмалку петмина се повредени во судирите што избија за време на рациите за приведување што израелските сили ги изведоа во различни делови на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста што ја објави весникот „Хаарец“ (Haaretz) се наведува дека дошло до судири меѓу израелските сили и Палестинците за време на рациите за приведување во 5 различни региони на Западниот Брег, особено во селото Бејт Анан во подрачјето на Рамала и Појасот Кефр Буркин во областа Џенин.
Исто така, во веста се вели дека израелската Армија се подготвува за одбрана од ракети што би можеле да бидат истрелани од блокираниот Појас Газа како одговор на настаните во кои животот го загубија 4 Палестинци.
Иако се тврди дека Палестинците кои го загубија животот се членови на движењето Хамас, палестинските власти сѐ уште не дадоа соопштение во врска со настаните.