Adam Abu-bashal
20 Март 2025•Ажурирај: 21 Март 2025
АБУЏА (АА) - Во експлозија на цистерна со гориво во Нигерија има загинати и повредени.
Според вестите објавени во локалните медиуми, од засега неутврдени причини експлодирала цистерна со гориво на автопатот Абуџа-Кефи во близина на Нјанјан.
Од експлозијата има загинати и повредени, а изгореле најмалку 30 возила.
Властите известија дека на местото на несреќата се пратени противпожарни екипи.
Во јануари загинаа 114 луѓе кога две цистерни со гориво експлодираа во федералните држави Нигер и Енугу во Нигерија.