свет

Забраната за влегување во море поради опасноста од мини во украинскиот град Одеса продолжува

„Мините се во морето од март. Мините во Црното Море ги постави Русија.“

Davit Kachkachishvili  | 04.07.2022 - Обновена : 05.07.2022
Забраната за влегување во море поради опасноста од мини во украинскиот град Одеса продолжува Фото: Metin Aktaş/AA

ОДЕСА (АА) - ДАВИТ КАЧКАЧИШВИЛИ -

Поради мините поставени во подрачјето на Одеса во Украина, каде што продолжува руско-украинската војна луѓето не смеат да влегуваат во морето, кое е затворено и за бродски сообраќај, пишува Агенција Анадолија (АА).

Во крајбрежните области на Одеса, третиот по големина град во земјата, покрај затворениот бродски сообраќај и луѓето не можат да влегуваат во морето, бидејќи се наоѓа на приближно 200 километри од линијата на фронтот кај Херсон, каде што се случуваат жестоки судири, и 95 километри од градот Миколајев, каде што продолжуваат руските воздушни напади.

Во градот, кој има повеќе од еден милион жители, и кој во Украина е познат како „Бисер на Црното Море“ не може да се влегува во морето, поставена е безбедносната лента која укажува на опасност од мини.

Шефицата на прес-службата на Јужните одбранбени сили на Украина, Наталија Гуменјук, за Агенција Анадолија (АА) се осврна на преземените безбедносни мерки во градот.

Гуменјук истакнувајќи дека украинската администрација и покрај тековната војна вложува големи напори да обезбеди мир во регионот, рече: „Ситуацијата во градот Одеса и регионот е мирна и под контрола на Украинските вооружени сили.“

Укажувајќи дека Змискиот Остров е повторно е под контрола на украинските сили, Гуменјук рече дека сите треба да бидат внимателни и да ги следат безбедносните предупредувања бидејќи војната продолжува.

„Русите имаат бродови кои носат ракети во Црното Море. Нивната цел не е само Одеса, туку цела Украина. Техничките карактеристики на ракетите им овозможуваат да допрат до сите региони на Украина“, нагласи Гуменјук.

-„Ние се бориме и за безбедноста на Европа“ -

Гуменјук наведе дека борбата на Украина против Русија денес е исклучително важна за цела Европа: „Денес се бориме не само да ја браниме нашата земја и нашиот народ, туку и да ја заштитиме Европа и целиот свет.“

Истакнувајќи дека руските воени авиони и понатаму претставуваат голема закана, Гуменјук рече дека им треба оружје против воздушните напади.

- „Русите оставија мини во морето“ -

Додавајќи дека опасноста од морските мини во регионот на Одеса и понатаму е присутна, Гуменјук нагласи: „Мините се во морето од март. Мините во Црното Море ги постави Русија.“

Таа рече кога Русија го нападнала Крим во 2014 година украла украински морски мини, а во 2022 година ги фрлиле во морето обвинувајќи ја украинската страна дека поставува мини.

„Русија го направи тоа за да се мисли дека мините кои се откриени во Туркије или Романија ѝ припаѓаат на Украина. Но, ние дадовме изјава за тоа уште на самиот почеток. Ова е саботажа. Украина не постави мини во морето“, рече Гуменјук.

Таа нагласи дека руските подморници се на опасно растојание од брегот и дека со проектили лансирани од руски бродови се погодени градовите во Украина.

Наведувајќи дека мините во Црното Море претставуваат голема опасност не само за бродовите туку и за луѓето, Гуменјук додаде дека досега две лица кои влегле во морето го загубиле животот, а едно е повредено.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.