Erbil Başay
08 Октомври 2022•Ажурирај: 09 Октомври 2022
БЕРЛИН (АА) - Железничката линија во северниот дел на Германија е запрена од технички причини, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на германската железничка компанија „Дојче бан“ се наведува дека поради технички проблеми во радиосистемот на возови, превозот не може да се одвива во поголемиот дел на северот од земјата.
Во соопштението се наведува дека меѓуградските линии не можат да се изведуваат од Хамбург, Шлезвиг-Холштајн и Долна Саксонија кон Касел, Берлин и Северна Рајна Вестфалија.
Покрај тоа, дошло до прекин во превозот и во сојузните покраини Долна Саксонија, Бремен и Шлезвиг-Холштајн.