Kasım İleri
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Во сојузната држава Вашингтон се случи железничка несреќа во којашто животот го загубија 3 лица, а повеќе од 100-тина се повредни, јавува Anadolu Agency (AA).
Шерифот на подрачјето на Пирс соопшти дека во близина на градот Дупонт, патнички воз во сопственот на компаијата Амтрак излетал од шини за време на дижење врз еден надвозник и паднал врз автопатот кој минувал под надвозникот.
Во соопштението се наведува дека во железничката несреќа животот го загубијле 3 лица, додека повеќе од 100 повредени се префрлени во болниците на местата Пирс и Турстон. Меѓу повредените, 4 лица се наоѓаат во тешка здравствена состојба.
Претседателот на Амтрак и во исто време генерален директор на компанија, Ричард Андерсон, за новинарите изјави дека за време на несреќата во возот не бил активен „Позитивен систем за контрола на возот”, за контрола на брзината на возот.
Андерсон информираше дека композицијата ја сочинувале две локомотиви и 12 вагони, истакнувајќи дека за време на несреќата во возот имало 78 патници и 5 членови на екипажот.
Сојузната полиција на Вашингтон соопшти дека во несреќата 12 од вкупно 14 елементи на композицијата излетале од шините. Националниот одбор за безбедност во сообраќајот соопшти дека во подрачјето е испратена екипа од 20 члена за спроведување на истрага.
Одделот за транспорет на Сојузната држава Вашингтон објави дека во утринските часови, патнички воз, сопственост на компанијата Амтрак излетал од шините и паднал од надвозникот врз автопатот I-5.