Tufan Aktaş
05 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
ЛУАНДА (АА) - Во Ангола дојде до судир на два воза. Во несреќата животот го загубија 17 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави Анголската новинска агенција (ANGOP), во подрачјето на Намибе дошло до судир меѓу воз за одржување и транспортен воз. Во железничката несреќа животот го загубија 17 лица, а повредени се голем број лица.
По несреќата гувернерот на Намибе, Карлос да Роча Круз, и претставници на железницата пристигнаа на местото на несреќата за учество во истрагата, а повредените се префрлени во градската болница во Бибала, која е оддалечена 180 километри од местото на несреќата.